Полицијата пронашла четири бомби пред пристигнувањето на Бајден во Северна Ирска

/ 11.04.2023

Полицијата во Северна Ирска денеска соопшти дека на гробиштата во Креган, во близина на Дери, пронашла четири предмети за кои постои сомневање дека се таканаречени бомби во цевки.

Полицијата извршила инспекција на јавната безбедност, неколку часа пред посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Северна Ирска.

„Откривањето на овие уреди беше уште еден застрашувачки и вознемирувачки развој“, рече помошник началникот на полицијата Боби Синглтон.

Според извештаите, Бајден доаѓа во Белфаст во политички чувствителен период за Северна Ирска, бидејќи се одбележува 25-годишнината од мировниот договор кој во голема мера стави крај на повеќегодишните конфликти во таа земја.

Синглтон додаде дека истрагата ќе ја преземе Единицата за истраги за тероризам.


Од истата категорија