Македонците во Бугарија од политичката организација ОМО Илинден Пирин се лути на македонскиот премиер Димитар Ковачевски бидејќи во своето обраќање во ООН многу зборуваше за равата на малцинствата о Македонија, а сосема ги заборави праваа на Моите во Бугарија кои имаа сеиозни проблем.
Ковачевски ниту еден збор не спомнал дека постои македонско малцинство во соседните земји и дека Македонците во Бугарија и Грција се целосно обесправени.
– И не очекувавме дека ќе нѐ спомене, а тоа е тажна работа, велат Македонците во Бугарија ирганизирани во ОМО Илинден Пирин, кои и покрај многу пресуди во нивна полза од Судот за човекови права во Стразбур, ништо не е променето.
„Премиерот Ковачевски зборуваше во ООН за правата на малцинствата и се разбира не кажа збор за македонските малцинства во Бугарија и Грција. Најтажното не е дека еден македонски премиер во својот говор за правата на малцинствата не ги спомна македонските малцинства во Бугарија и Грција – несомнено меѓу најонеправданите малцинства на Балканот, туку дека ниту некој од нас не очекувавме да нѐ спомне! Може ли да има понесреќни малцинства од оние кои истовремено живеат во држави, кои ги негираат, дискриминираат и асимилираат и припаѓаат на нации чии држави ни уста за нив не отвораат, не па да ги заштитат“?- се вели во реакцијата.
Како да живееме во народна приказна, се вели во рекацијата на Македонците од Бугарија: несакани од мајка – мразени од маќеа, двојно несакани – двојно сами.
„После толку борби на македонскиот народ за своја држава имаме држава која не ги третира сите делови од македонскиот народ како свои“, се вели во реакцијата од ОМО Илинден Пирин.