Повеќе од 12.000 деца загинаа во оружени судири во светот во текот на минатата година, што е рекорден број, се наведува во извештајот на Обединетите нации.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека е многу загрижен поради бројните и сериозни престапи против децата во текот на 2018 година, особено поради големиот број жртви.
Во текот на 2018 година забележан е најголем број загинати и повредени деца од 2015 година, откако се води статистика.
Најмногу настрадани деца во 2018 година има во Авганистан, каде загинаа 3.062 деца.