Обединетите нации денеска предупредија дека одлуката на САД да ги прогласат јеменските бунтовници од движењето Хути за терористи може да има сериозни хуманитарни и политички последици.

Американската администрација во заминување вчера соопшти дека ќе го прогласи проиранското, сириско движење Хути во Јемен за странска терористичка организација.

-Стравуваме дека оваа одлука негативно ќе влијае врз увозот на храна и другите неопходни производи во време кога се поголем број граѓани на Јемен умираат од глад, рече портпаролот на ОН, Стефан Дизарик, цитиран од британските медиуми.

Тој додаде дека ОН се загрижени дека прогласувањето на Хутите за терористи може да има штетно влијание врз напорите за продолжување на политичкиот процес во Јемен.