Советот за безбедност на Обединетите нации денеска, на барање на САД, ќе одржи седница посветена на состојбата во Венецуела.
Седницата ќе биде одржана во попладневните часови, по локално време.
Советот за безбедност на ОН е поделен околу Венецуела.
САД и многу западни и латиноамерикански земји го поддржуваат венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо за привремен претседател, додека Русија, Кина и други земји го поддржуваат претседателот Николас Мадуро и се против мешањето во внатрешната политика на Венецуела.
САД побараа седница од Советот за безбедност на ОН за да расправаат за ситуацијата во Венецуела, бидејќи силите на претседателот Мадуро во текот на викендот ги спречија конвоите со хуманитарна помош да влезат во земјата.