Високата комесарка за човекови права на Обединетите Нации, Мишел Башеле денеска изјави дека илјада тела се пронајдени на подрачјето на Киев изминатите недели и оти истрагата за случувањата во Украина може да укаже на извршени воени злосторства.
– Размери на нелегални убиства, вклучувајќи и индиции за егзекуции по кратка постпка во области северно од Киев, се шокантни, појасни Башеле во порака до Советот за човечки права.
Советот за човечки пава денеска треба да одлучи дали ќе бара од истражителите официјална истрага за случувањата во Киев и во други украински региони во февруари и март.