Економските штети направени од катастрофи поврзани со климатските промени во последните две децении достигнаа 2,25 трилиони долари, што претставува зголемување за повеќе од 250 проценти во споредба со претходните 20 години, објавија ОН.
Канцеларијата на Обединетите нации за намалување на ризици од катастрофи (УНИСДР) истакна дека „климатските промени ја зголемуваат зачестеноста и сериозноста на екстремните временски настани”, како што се поплавите и бурите.
ОН неведуваат бројка – повеќе од 6.600 климатски катастрофи помеѓу 1998-2017 година Помеѓу 1978-1997 година, вкупните штети од катастрофи поврзани со климатските промени беа 895 милијарди долари (780 милијарди евра), објави УНИСД во извештај.
Но, меѓу 1998-2017 година таа бројка достигна 2,25 билиони долари, се вели во извештајот, наведувајќи ги САД, Кина, Јапонија и Индија како земји каде што финансиските штети се највисоки.
Податоците се објавени кога Мајкл, ураган од категоријата четири, се насочи кон Мексиканскиот залив на Флорида, и се заканува со огромно уништување низ источниот дел на САД.