Германската Влада одлучи идната година да им даде на располагање 6,85милијарди евра на сојузните држави за да им помогне за покривање на трошоците за сместување и интеграција на мигранти.

Германија се обидува да интегрира преку милион мигранти и бегалци кои во државата пристигнале во 2015 и 2016 година откако канцеларката Ангела Меркел гиовори границите.

Одлуката за рапределба на средствата е донесена пред неделните избори во Баварија во која прашањето за мигрантите е закана за долгогодишната власт на конзервативната Христијанско-социјална унија, коалициски партнер и сестринска партија на демохристијаните на Меркел.

Мерката од Министерството за финансии за 2019 година вклучува 2,44 милијарди евра за интеграција, 2,3милиајрди евра за обезбедување домови. Севкупно за сојузните држави и заедници запомош на мигранти до 2022 година ќе се одвојат 15милијарди евра.