Жени што ќе извршат абортус се како луѓе кои најмуваат „платен убиец да им реши проблем“, рече папата Франциско на насобрани граѓани на Плоштадот Свети Петар.

– Како може чин на прекин на развој на едно невино и беспомошен ѓивот да биде цивилизиран или едноставно човечки? Запраша папата Франциско во обраќањето.

– Ве прашувам дали е оправдано да се прекине човечки живот за да се реши проблем, додаде тој.

Додека насобраните одговараа „Не“, папата заклучи дека абортусот е „како да се изнајми платен убиец да ни реши проблем“. Иако се смета за полиберален од своите претходници, Франциско не отстапува од црковни учења кога станува збор за планирање семејство и полови односи.