Владини експерти од 25 земји учествуваат на собир на ОН во Женева, посветена на спречување на трката во вооружување во светот.
– Вселената е сè поважна за вкупната воена доминација, изјави пред новинарите претседавачот на панелот, бразилскиот амбасадор во ОН Гуљерме де Акаир Патриота.
Тој посочи дека повеќето воени операции на Земјата се потпираат на комуникациските сателите и светските влади се сè повеќе загрижени дека тие би можеле да бидат уништени.
Десетдневниот собир на ОН беше иницирана пред американскиот претседател Доналд Трамп во јуни минатата година да ги најави плановите за формирање Вселенски сили како нови гранки на војската, кои би ја гарантирале „американската доминација во вселената“.
Во 2008 година Русија и Кина предложија да се склучи договор со кој би се забранило поставување оружје во орбитата и понатаму, како и забрана за напади на објекти во вселената. Но западните земји се спротиставија на таквиот предлог. САД и ЕУ поддржуваат необврзувачки мерки.
Состанокот во Женева, на кој учествуваат и експерти од Кина, Русија, САД, Иран, Пакистан, Индија… би требало да овозможи напредок во тој поглед и да резултира со серија предлози кои би биле вклучени во следниот договор на ОН.
– Учесниците ќе разговараат за тоа дали треба да се стави фокусот на забрана на одредени видови оружја или врз одредени видови однесувања во Вселената, прецизира Патриота.
Тие, исто така, ќе разгледуваат правно обврзувачки правила и необврзувачки мерки на транспарентност.
За непријателски акти би можеле да се сметаат попречување на сигналот на комуникациските сигнали, напад на сателите со ласери или проектили, како и детонирање објекти во Вселената со цел креирање отпад кој би им пречел на другите вселенски објекти.