Градоначалникот на Утрехт, Јан ван Занен изјави дека при нападот во трамвајот загинале три лица, а деветмина се повредени. Претходно, холандската полиција соопшти дека главен осомничен за нападот е 37-годишниот Ѓукман Танис, роден во Турција.

Полицијата не ја исклучува можноста дека пукале неколку лица, како и дека станува збор за терористички напад.

Напаѓачот се уште не е уапсен. Припадници на антитерористичката единица опколија една зграда под претпоставка дека таму се крие напаѓачот.

Неколку часа по пукањето во трамвајот во Утрехт се слушнаа истрели на повеќе локации, како и во близина на џамијата.

Поради нападот во Утрехт затворени се муслиманските храмови, но и универзитетите и училиштата во другите холандски градови.

Главен осомничен за нападот Танис, но не е исклучена можноста дека пукале неколку лица, соопшти холандската полиција. Полицијата исто така соопшти дека најверојатно станува збор за терористички напад.

Напаѓачот се уште не е уапсен. Припадници на антитерористичката единица опколија една зграда под претпоставка дека таму се крие напаѓачот.

Германската полиција денеска соопшти дека го засили надзорот на границата со Холандија по вооружениот напад во Утрехт, при што едно лице загина, а неколку лица се повредени.

Портпаролот на сојузната полиција во покраината Северна Рајна Вестфалија, Хајнрих Онштајн изјави дека се распоредени дополнителни полициски сили да ги надгледуваат не само главните автопатишта, туку и помалите премини и железничките траси.

Тој додаде дека сојузната полиција е во постојан контакт со властите во Холандија, како и дека имаат опис на напаѓачот.

Претходно, германските власти соопштија дека трагаат по црвено „Рено клио“, но подоцна автомобилот е пронајден напуштен во Утрехт.

Во меѓувреме холандската полиција соопшти дека неколку часа по нападот се слушнале на повеќе локации во Утрехт. Истрели имало и во близина на џамијата во Утрехт.

Напаѓачот од трамвајот се уште не е уапсен.

Припадници на антитерористичката единица опколија една зграда под претпоставка дека таму се крие напаѓачот.

Поради нападот во Утрехт затворени муслиманските храмови, но и универзитетите и училиштата во другите холандски градови.

Претходно, портпаролот на холандската полиција Јост Ланшаге изјави дека најверојатно станува збор за терористички напад.