САД предложија Советот за безбедност на ОН да ја осуди Северна Кореја поради нејзините тестови на балистички ракети и да го повика Пјонгјанг да преземе дипломатски чекори, предупредувајќи дека недејствувањето на 15-члениот СБ е опасно.
Кина и Русија се против секоја понатамошна акција на Советот за безбедност на ОН против Северна Кореја, тврдејќи дека дополнителниот притисок врз Пјонгјанг не е конструктивен.
Минатиот мај, Кина и Русија ставија вето на предлогот на САД за воведување дополнителни санкции на ОН за Северна Кореја.
„Реалноста е дека оние што ја штитат Северна Кореја од последиците од нејзините ракетни тестови, ја ставаат Азија и целиот свет во ризик од конфликт. Неактивноста СБ е повеќе од срамота“, изјави американската амбасадорка во ОН, Линда Томас-Гринфилд.