Загадувањето на воздухот одамна е еколошки и здравствен проблем, но сега на него треба да се гледа како и на проблем со човековите права. Тоа го нагласува специјалниот претставник на ОН за човекови права и заштита на животната средина.

-Загадувањето на воздухот води до 7 милиони случаи на предвремена смрт во светот секоја година, од кои 600.000 кај деца, велои Дејвид Бојд.

– Ако ги ставиме тие 7 милиони случаи во контекст – тоа се повеќе смртни случаи во година отколку во војни, убиства, туберколоза, ХИВ и маларија заедно, вели експертот на ОН.

– Тоа е светска здравствена криза за која треба да заземе став. Загадувањето на воздухот го нарушува правото на живот, на здравје, правата на детето и го нарушува правото за живот во здрава животна околина, додае тој.

Бојд, професор на Универзитетот на Британска Колумбија, претстави во Женева синоќа извештај пред Советот на ОН за правата на човекот.