И покрај извесен напредок, унапредувањето на еднаквоста на половите и женските права останува бавен.
Ова се наведува во Извештајот на UN-Women по повод меѓународниот ден на жените и одбележувањето на 25 години од Платформата за акција од Пекинг.
Според Извештајот, во измината декада во 131 земја се усвоени 274 закони и правни реформи за поддршка на еднаквоста на половите. Во делот на образованието просечно на глобално ниво постигнат е паритет и повеќе девојки од кога било одат на училиште, сепак, постојат големи разлики меѓу земјите и во самите земји. Глобалниот сооднос на смртност на мајки е сè уште превисок, (211 починати на 100.000 живородени раѓања), но е опаднат за 38 проценти во однос на периодот 2000-2017 година.
-Прегледот на правата на жените покажува дека и покрај одредниот напредок, ниту една земја не постигнала родова еднаквост. 2020 година претставува невидена можност да се свртат работите за сегашните и идните генерации жени и девојчиња, изјави извршниот директор на жени на ООН, Фумзиле Мламбо-Нгкука.
За да се забрза напредокот за време на Декадата на ООН за акција, таа укажа на кампањата на ОН Жени за „Генерација на еднаквост“, со која треба да се испорачаат резултати на менување на правилата на игра со цел унапредување на еднаквоста кај жените и девојчињата.
Соглсно Извештајот на ОН Жени, преостанува работа во областа на политичкото претставување, неплатената грижа и домашна работа, намалување на сиромаштијата… Ккао што се наведува во Извештајот, само едно од четири места во Парламнетите во просек им припаѓа на жените, глобално 25 проценти од жените на возраст од 25-34 години е поверојатно да живеат во екстремна сиромаштија со помалку од два долара на ден, жените во просек три пати повеќе посветеуваат на неплатена грижа и домашна работа од мажите што се одразува на нивната економска сигурност.
Во однос на паритетот на работните места жените се за 16 проценти помалку платени од мажите, а секога четврта жена е менаџер, на глобално ниво 39 проценти од жените работат во земјоделството, но само 14 проценти се сопственици на земјата. Вкупно 18 проценти од жените на возраст од 15 до 49 години кои живеат со постојани партнери искусиле сексуално или психичко насилство, но помлаку од 40 отсто побарале каква било помош.