Комисијата на ОН, која го истражува кршењето на човековите права во Сирија, соопшти дека оваа година борбите принудиле над еден милион луѓе да ги напуштат своите домови и да се преселат на друго место во земјата, јави ДПА.
Сириските владини сили, поддржани од Русија и Иран, ја вратија контролата врз големи територии низ земјата на почетокот на годината. По борбите во провинциите Алепо, Дамаск и Дара внатрешно раселените се 6,5 милиони од вкупно 18 милиони луѓе. Многу од овие луѓе живеат во тешки услови, без вода, храна и лекови, како и без соодветно прибежиште.
ОН предупреди дека евентуалната офанзива во провинцијата Идлиб ќе предизвика катастрофална хуманитарна криза.