Во Хрватска, по терористичкиот напад на плоштадот Св. Марко во Загреб, полицијата почнала да спроведува посебни мерки за заштита на премиерот и претседателот. Двете функции во овој момнт ги извршуваат Пленковиќ од ХДЗ и Милановиќ од социјалдемократската опозиција
Медиумите објавуваат дека денеска Пленковиќ за прв пат е снимен во блиндиран автомобил, Мерцедес С класа, еден од двата купени во 2018 година за 13 милиои куни. Едно евро може да се купи за 7,5 куни, па двата автомобила чинат речиси два милиони евра или некаде околу 1, 85 милиони евра.
Автомобилите се купени на тендер, а хрватското МВР барало возилата да имаат посебни носачи, сензори за солзавец, специјални гуми, балистичка заштита која овозможува удар од куршуми од М69, М14 или ФАЛ-ФН воени пушки на далечина од 10 метри итн.
Македонскиот блиндиран мерцедес чинеше околу 600 000 евра, а поради негова набавка на затвор беа осудени Никола Груевски, Гордана Јанкуловска и Ѓоко Поповски иако за ваков вид набавка не се должни да објавуваат тендер.
Речиси за истата сума, блиндиран автомобил е набавен и во Србија, а во време кога претседател на државата беше Тадиќ.
Ниту во Србија ниту во Хрватска никој не држи прес конференции за снимени разговори за „Она на М“, ниту пак се креваат „шарени револуции“.