Иако беше најавена како караван кој ќе се одржи во 8 градови, автивноста на владата наречена “Ние сме Европа“ е изгледа ставена во мирување, судејќи дека нема нова трибина најавена за оваа недела.
Имено Вицепремиерот Бојан Мариќиќ најави дека со 80 илјади евра од буџетот ќе организира низа активности во рамките на Секретаријатот кој го води за промоција на европските вредности.
„Кампањата ќе се вика ‘Ние сме Европа’. Ќе се реализира во Скопје, Струмица, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип и во Куманово. Секаде ќе има тематски настани, со кои ќе ги покриеме најважните теми, кои врз основа на нашите анализи ги интересираат граѓаните- изјави Маричиќ на прес конференција одржана на 23 август.
Во меѓувреме се одржаа две трибини од “Ние сме Европа“ во Скопје (30.08) и Струмица (01.09), и засега нема најави дали и кога ќе се одржи најавената трибина во Охрид. После втората трибина во Струмица јавноста ја потресе монструозната афера со клиниката за онкологија, што може да е причината за “тајм аутот“ или прекинувањето на оваа кампања.
Засега од Владата и од Секретаријатот немаат најава дали кампањата се одложува, прекинува или пак ќе продолжи.