Доктор Милан Ристески, специјалист по онкологија на својот фејсбук профил апелира лицата заболени од рак да не следат беспоговорно разни упатства за лекување објавени на интернет, затоа што, тоа, како што вели може да ги доведе до побрза смрт. Тоа нагласува е случај и со тврдењата дека заболените треба да гладуваат за да го „изгладнат“ ракот.
– Овој лик што се претставува како доктор, а всушност е киропрактичар, после неуспешен обид да заврши медицина, е извор на страотни невистини. Не можете да го изгладните ракот со гладување! Не постои ниту една студија, од многуте од овој тип на “изгладнување” која го потврди ова, напротив, сите пациенти кои во метастатски стадиум се изгладнуваа не само што не се излекуваа, туку починаа побрзо од оние кои не гладуваа. Неразбирањето на туморскиот катаболизам кај ваквите ликови носи стотици пациенти во пребрза смрт – стои во објавата на Фејсбук на доктор Ристески.

Фото: МИА / принтскрин




