Групата за онлајн настава, која брои околу 15 000 членови, односно одреден број нејзини членови, денеска реагираше на се позачестените изјави од Нико Беќаровски и Никола Пановски, како и на изјавата на Драган Даниловски, дека децата треба да тргнат на наставата во второто полугодие со физичко присуство, па дури и без маски.

Последната објава на Беќаровски е дека луѓето денеска пуштале фотографии од прослава на Новата година по стариот календар, а потоа ќе мудрувале како не треба децата да одат на настава со физичко присуство. Иако тоа нема или не мора да има врска со членовите на оваа група, тие порачаа дека ќе ги пуштат децата тогаш кога тие, ќе примаат пациенти без маски.

Инаку во училиштата, наспроти бројките со кои манипулираше Царовска, есенва имаше одделенија со над 10 отсто деца за кои беше потврдено дека се заразиле. А вчера, спрскиот државен секретар за здравство изјави дека им се случува и по неколку месеци од заразата, деца да дојдаткај лекар со миокардитис или други проблеми како последица на Ковид.

Еве дел од реакциите на ФБ профилот на групата.

 

Во меѓувреме, „Сител“ на „мали Ѕинго“ со еден крајно тенденциозен наслов на сајтот го објави прилогот во врска со проблемот со наставата, тврдејќи дека „наставниците и средношколците се против он лајн настава“. Како утврдија дека сите наставници и сите средношколци се за он лајн настава, како што произлегува од насловот, не е сосема јасно. Како СОНК утврдил дека наставниците се за он лајн настава,во услови кога ни вакцини, ни прележаност штитат од „омикрон“, исто така не е јасно, но интересно, никој не ги праша средношколците и кога ги затвораа кафулињата, па никому ништо, зар не?