Русија на 6 мај ќе свика неформален состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата на теренот во Украина, најави Сергеј Леонидченко, виш советник на постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации.
– Доколку сакате да ја дознаете вистината за реалната ситуација на теренот, добредојдени сте на нашиот состанок на „Формулата-Ариа“ на 6 мај, рече Леонидченко.
Тој најави дека на средбата ќе се обратат „независни говорници од првата линија на фронтот“, кои, како што наведе, „ќе соопштат факти, а не лажни информации“.
Рускиот дипломат ова го изјави на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации според „Формулата – Ариа“, свикан од Франција и Мексико.