Крај хрватскиот брег на Јадранското Море се појави отровната „компас-медуза“, за којашто експертите предпредуваат дека воопшто не смее да се допира, оти предизвикува тешки повреди.

Компас-медузата (Chrysaora hysoscella) е всушност вид што живее во крајбрежните води на Атлантскиот Океан и Средоземното Море. Има жолто-темносивкасто тело коешто личи на компас и кое може да порасне и до 30 сантиметри во ширина, а краците и до еден метар должина. Краците се вкупно 24 на број.

Се претпоставува дека компас-медузите живеат една година. Се хранат со зоопланктони, а природен непријател им се морските желки и океанската сончева риба.