Познатиот македонски оперски пејач Благој Нацоски вечерва го коментира денешното прифаќање на француската предлог-преговарачка рамка за членство на Македонија во Европската Унија, во Собранието на Македонија.
– Искрено се надевам дека првата меѓувладина конференција помеѓу Европската Унија и Македонија ќе се одржи во селото Ваташа, а од мене имаат гратис целовечерен концерт за уважените гости од Брисел и тоа пред споменикот таму, напиша Нацоски на својот профил на Фејсбук.
Нацоски повеќе години работи во Италија во реномираната оперска куќа Миланска скала.