ОЈО ГОКК побара притвор за директорот на Геријатрија и уште едно лице, осомничени за примање поткуп и помагање при извршување на ова кривично дело.
Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и им определи 30-дневен притвор на директорот на Специјалната болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје и на неговиот посредник.
Обвинителството ги сомничи за примање поткуп за болничко згрижување на лице во геријатриската болница.
„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор против две лица осомничени за примање поткуп од чл. 375 ст.5 в.в. со ст.2 од КЗ, а поврзани со Специјалната болница за геријатрија во Скопје, го прифати предлогот на ОЈО ГОКК и на осомничените М.А. и Б.А. им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т.1, 2 и 3 односно опасност од бегство, влијание врз сведоци и основано сомнение дека може да го повторат делото“, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.
Против решението на Судот странките имаат право на жалба.
ОЈО ГОКК побара притвор за директорот на Геријатрија и уште едно лице, осомничени за примање поткуп и помагање при извршување на ова кривично дело. Директорот барал сума од 100 000 денари за згрижување на лице во болницата, но на крајот се спогодил за сума од 20 000 евра. Неговиот посредник на 8 април бил фатен од полицијата во автомобилот на жената од која ги барале средствата.