Во населбата Лисиче во скопски Аеродром три дена се копаат темелите за новата џамија, а градоначалникот од СДСМ, Златко Марин, кој вообичаено на големо се фали со проектите, за ова молчи.
Како што пишува Курир, не ја информира јавноста дека најчесто во раните утрински часови или подоцна навечер, се испраќаат работници да градат џамија.
Првичната официјална информација дека СДСМ одобрува градба на џамија во овој дел на Скопје излезе на 30-ти август 2018-та година.
На улица „Божин Николов“ во Лисиче, зацртано е и заверено да се гради верски објект-џамија.
Граѓаните на општина Аеродром уште тогаш кажаа што мислат за идејата. До пред неколку дена ова беше само уште едно „ветено-нереализирано“ дело на Марин, но ете баш сега, скоро две години по ветувањето и индикативно токму пред избори, темелите се ископаа и градбата почнува.
СДСМ има очајна потреба да им се додворува на Албанците пред избори, факт кој во повеќе наврати го потврди и самиот Зоран Заев и врхушката на партијата. Кога сфатија дека поддршката кај Македонците им е сведена на минимум, а тоа им го покажаа бројните анкети, одлучија да се завртат кон малцинството, пишува Курир.