Почина советничката во Советот на Општина Аеродром, Аида Хоџиќ.

Тажната веста на Фејсбук ја објави градоначалникот Златко Марин, а од починатата Хоџиќ на социјалните мрежи се простуваат нејзини роднини и пријатели.

-Другарка која Општина Аеродром сакаше да е уште поубаво место за живеење. Другарка, секогаш насмеана која сакаше на сите да им помогне. Ќе ни недостигаш Аида. Почивај во мир, напиша на Фејсбук градоначалникот Марин.