Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, денеска изјави дека неговата земја ќе ја тужи Европската комисија, доколку го занемари ветото на Унгарија за планираните санкции за купување руски гас и нафта.

– Брисел си играше со погрешни коцки кога одлучи за забраната за купување руска нафта и гас, од што е изземен ставот на Унгарија и Словачка, како и трговската политика на ЕУ која зависи од гласање, рече тој за Радио Кошут, пренесе МТИ.

Според него, ЕК го заобиколила унгарското вето, што, нагласи тој, е незаконско.

– Тоа е отворено кршење на владеењето на правото. Иако тужбата е долга, таа нема да го реши нашиот проблем. Унгарија мора да сигнализира дека Европската унија го напуштила владеењето на правото и ја злоупотребува својата моќ, рече Орбан.

Коментирајќи ги последните случаи на корупција во Украина, тој рече дека Брисел е во тешка ситуација бидејќи „и неговата куќа гори“.

– Се испостави дека поранешниот втор човек на Европската унија, поранешната комесарка за надворешни работи, направила нешто и дека се случуваат сомнителни работи. Европската унија е заглавена во корупција, и тоа не само Комисијата, туку и Европскиот парламент има свои корупциски скандали, а се очекува да кажат нешто паметно за корупцијата во Украина, рече Орбан.

Тој нагласи дека истата работа се случува и во Украина и во Брисел.

– Ситуацијата не е лесна за ЕК, заклучи унгарскиот премиер.

Фото: Орбан на Фејсбук