Унгарскиот премиер Виктор Орбан изрази соочуство до премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски за трагичната несреќа во Кочани, во која во пожар во дискотека загинаа 51 младо лице.
-Сакам да изразам најдлабоко сочувство до премиерот Христијан Мицкоски и македонскиот народ поради трагичниот пожар што избувна вчера во Кочани. Нашите мисли и молитви се со семејствата на жртвите, пишува на социјалната мрежа на X унгарскиот премиер Виктор Орбан.