Унгарскиот премиер Орбан му возврати на својот холандски колега Руте, велејќи му да стои настрана од унгарската политика, откако Холанѓанецот остро ја нападна Будимпешта затоа што не сака да дозволи пропагирање на хомосексуалноста меѓу малолетните деца, пренесува хрватскиот портал Логично.

Зборувајќи во петокот во емисија на радио, Орбан му возврати на Руте велејќи дека има „колонијален менталитет“ откако холандскиот премиер и порача на Будимпешта да ги почитува ЛГБТ правата или да си замине од ЕУ.

„Ова е колонијален пристап“ рекол Орбан, додавајќи дека „они не размислуваат околу тоа што можат, а што не можат да и кажат за друга нација и за законите на друга држава“.

Минатата недела Руте во текот на самитот на ЕУ му рече на Орбан дека за нив нема место во ЕУ бидејќи не ја следат политиката на Брисел. Унгарија веќе нема што да бара во ЕУ, рекол Руте, напоменувајќи дека целта му е да ја стави Унгарија на колена заради ЛГБТ правата.

Заканите на Руте дојдоа по законот усвоен во унгарскиот парламент на 15 јуни со кој се пропишува дека хомосексуалните содржини не можат да се пропагираат меѓу децата.

Орбан тврди дека смислата на законот се извртува и дека тој закон не е против хосексуалноста, туку е за правата на децата и родителите да го воспитуваат своите деца.