Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјавил дека луѓето имаат право да знаат кои се „намерите на Брисел“.
Тој навел дека прашањето на миграцијата е во „игра за изборите на Европскиот парламент“ закажани за мај оваа година.
Како што пренесува агенцијата МТИ, Орбан во интервјуто за унгарското државно радио изјавил дека неговата влада, преку неодамна започната кампања по пат на билборди „ќе ги разоткрие плановите на бриселската бирократија“.
Тој додал дека актуелното мнозинство во Европскиот партламент се обидува да ја зголеми миграцијата, „што би било еднакво на тоа Европа да им биде одземена на Европјаните“.
Агенцијата Блумберг наведува дека Орбан ја бранел и пропаганданата кампања против претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер, за кого смета дека делува во име на американскиот милијардер Џорџ Сорос.
Орбан оценил дека кампањата е „заснована на факти“ и дека Јункер е одговорен за тоа што „дозволил Велика Британија да замине, а да доведе мигранти“ во ЕУ.
Кампњата на унгарската влада претходно ја осудија од ЕК, како и самиот Јункер, кој порачал дека партијата на Орбан Фидес би требало да го напушти членството во конзервативната Европска народна партија.