Вчера загубивме вистински бранител на верата и слободата. Нашето најдлабоко сочувство е до семејството Кирк и до американскиот народ. Смртта на Чарли Кирк е резултат на меѓународната кампања на омраза што ја водеше прогресивно-либералната левица. Ова е она што доведе до нападите врз Роберт Фицо, врз Андреј Бабиш, а сега и врз Чарли Кирк. Мора да ја запреме омразата! Мора да ја запреме левицата која што шири омраза!, напиша на својот профил на Х унгарскиот премиер Виктор Орбан по повод смртта на поддржувачот на Доналд Трамп, ЧарлиКирк, кој вера беше убиен во САД.

Европратеникот Андраш Ласло реагираше на веста преку објава на Фејсбук. „На својот настан, пред илјадници студенти на кампуот на универзитет во Јута, Чарли Кирк беше застрелан. Малку познат во Унгарија, тој е една од водечките фигури во американскиот конзервативен свет, секогаш спремен за спокојна дебата дури и со најжестоките млади либерали. Тој стана шампион на слободата на изразување, предизвикувајќи ги традиционалните либерални ставови наметнати од левичарскиот универзитетски свет. Изгради огромна студентска заедница низ Америка. Десетици илјади луѓе редовно присуствуваат на неговите настани. И јас самиот бев на еден од тие настани.

Европратеничката Кинга Гал, потпретседателка на групата Патриоти за Европа, изрази сочувство на Икс. „Почивај во мир, Чарли Кирк, човек кој умре за слободата на изразувањето. Нашите мисли и молитви се со неговите блиски во овие тешки моменти. Насилната реторика и омразата ги поттикнуваат овие злобни напади. За насилството нема место во јавната дебата“.

Александра Сенткирај, поранешна кандидатка за градоначалничка од Фидес и претседателка на парламентарната група на владејачката партија во главниот град, напиша на својата страница: „Шокирана сум од веста за трагичната смрт на Чарли Кирк, американски лидер на мислење. Млад татко од 32 години кој стана жртва на насилство поради своите политички ставови, беше застрелан смртоносно пред голема публика на јавен настан. Доналд Трамп му го должи минатогодишниот триумф, бидејќи храбро се спротивставуваше на секого за да ја брани вистината и патриотските вредности. Нашите мисли се со неговото семејство и ја споделуваме нивната жалост. Ова злосторство нè потсетува дека, иако имаме различни политички ставови, сите сме членови на истата нација. Омразата, политичката страст и насилството никогаш не нè приближуваат – напротив, нè разделуваат и го ослабуваат нашето општество. Јавниот дискурс во Унгарија исто така станува сè поостар. Треба да го промениме тоа, бидејќи најлошото што можеме да го направиме е да дозволиме поделбата да ја разгори нашата нација. Ние си должиме сочувство, достоинство и одговорност. Нека почива во мир!“.