Политиката на санкциите на Европската унија кон Русија мора да се промени, бидејќи очекуваниот ефект не е постигнат, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видеото на Фејсбук синоќа, во пресрет на самитот на шефови на држави и влади на ЕУ во Прага, тој порача дека на тој состанок мора да се разговара за некои „тешки теми“.
– Дали европските земји ќе имаат гас и струја во наредните месеци, праша Орбан.
Тој рече дека Унгарија претходно успешно се борела да добие ослободување од нафтените ембарга и санкции.
Во последните денови земјата постигна и ослободување од новите санкции кои влијаат на снабдувањето со нуклеарна енергија и гас, додаде унгарскиот премиер, пренесува Танјуг.
Санкциите доведоа до „драстичен скок“ на цените на енергијата, што е речиси невозможно да се плати, посочи Орбан.
– Русија воопшто не падна на колена, а европските економии крварат, рече Орбан, пренесува Танјуг.
Тој заклучи дека станало „очигледно дека политиката на санкции мора да се промени“ и дека тоа е главното прашање на состанокот на европските лидери.