Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан платила оглас во загрепскиот весник „Вечерен лист“ под наслов „Идината на Европската Унија“ со седум предлози. Како што пренесуваат балканските медиуми, најмногу врева во Загреб предизвикал кпредлогот на Будимпешта дека ЕУ треба да ја прими Србија, по што официјална Хрватска соопштила дека не го дели ставот на Унгарија.

Седумте точки на огласот на унгарската Влада се:

-во Брисел се гради супердржава, а за тоа никој никому не дал овластувања.

-втората точка е дека интеграцијата е средство, а не сама на себе цел. Од темелните договори на ЕУ треба да се избрише целта која наложува „се потесна поврзаност односно унија меѓу народите на Европа“.

-Понатаму Владата на Унгарија истакнува дека „одлуките треба да ги носат избраните лидери“, а не меѓународните НВО-а! Да кажеме НЕ на outsourcing-от на владеењето на правото“.

-Силата на европските интеграции и ја даваат зедничките економски успеси. Ако заедно не можеме да бидеме поуспешни отколку поединечно, тогаш тоа е крај на ЕУ, се вели во четвртата точка на унгарската Влада.

-Понатаму се вели дека „наредната деценија ќе се соочи со опасни предизвици – масовни миграции и пандемии. Мора да ги заштитиме луѓето во Европа“.

-Унгарија порачува и дека мора се врати европската демократија бидејќи Европскиот парламент се покажал слепа улица: ги застапува исклучиво сопствените идеолошки и институционални интереси. Треба, се вели во огласот, да се зголеми улогата на националнте парламенти.

И последно, во огласот се наведува дека Србија треба да биде примена во членство во ЕУ.