Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарците би сакале Европскиот парламент во сегашната форма да се распушти поради актуелниот корупциски скандал.
На годишната меѓународна прес-конференција вчера во Будимпешта тој изјави дека кредибилитетот на таа институција неодамна бил доведен во прашање и дека го поддржува укинувањето на тоа тело какво што е моментално, пренесе АП.
„Степенот до кој е нарушен угледот на Европскиот парламент во Унгарија со последниот скандал не може да биде помал“, рече тој, додавајќи дека е време да се „исцеди мочуриштето“ во Европската Унија. Забележано е дека Орбан ја позајмил таа фраза од поранешниот американски претседател Доналд Трамп и ја искористил за да го нападне Брисел поради неодамна откриениот корупциски скандал поврзан со сомнителната проневера на одредени пратеници со пари за услуги во кои е вмешан Катар.