Орце КАМЧЕВ, дел од интервјуто за Фактор, 17 септември 2018
КАМЧЕВ: Изгубивме премногу време последниве 27 години со историски глупости, со митови и легенди кои ни создадоа проблеми не само со сите наши комшии но и со самите нас, во нашата држава. Неможноста да се реши спорот со Грција не извади од шансата да бидеме веќе одамна и во НАТО и во ЕУ и поверувајте ми Македонија немаше да биде во таа ситуација во која сме денеска ни економски ни политички. Затоа, јасно и гласно ќе го кажам мојот став, мислам дека ниту ќе имаме подобра шанса, ниту дека сме имале похрабар лидер од премиерот Заев. Јас лично сум ЗА договорот со Грција, како и бев ЗА Договорот со Бугарија.Јас сум европски и светски човек и сакам Македонија да биде дел од таа структура. Сакам да живеам во Република Македонија различна од таа што е денеска, сакам да бидеме членка на НАТО и ќе направам се што е во моја можност…
… Тоа се вредности во кои сите ние ќе добиеме десет пати повеќе придобивки од она што го имаме денеска. Се тоа не го кажувам само јас, ниту само Заев, тоа ни го кажа целиот свет!
“image img-full-mobile-10″>
Посетата на Могерини, Курц и Меркел се смета за многу важна и историска, па дури и поддршката на Русија која го поздравува овој договор, кој веќе 27 години ѝ создаде проблеми на Македонија од секаков аспект. Камчев нагласи дека се залага да помине овој референдум, бидејќи оваа држава ќе добие десеткратно повеќе придобивки од она што го имаме денес.