Познатиот релативизатор на сите ексцеси на власта и блиските до неа, Сашо Ордановски, во најновата колумна објавена на порталот „Фронтлајн“ застанува во одбрана на новинарот Бранко Тричковски кој доби кривична пријава за статус во кој се прашува – „Што ќе се случи ако умре Христијан М.“, пишува скопски Курир.

Ордановски оди и чекор понапред, па во текстот објавен на Фронтлајн чиј главен уредник е Џабир Дерала, го слави Тричковски нарекувајќи го „нивниот Шарли Ебдо“.

Тричковски досега неброено многу пати пишувал крајно вулгарни, заканувачки и дегутантни статуси и колумни, кои поминуваа неказнето од власта, а со пофалби и хвалоспеви од Ордановски и луѓе од неговиот „ков“. Еве дел од последниот статус после кој Тричковски доби кривична пријава.

„Што ќе се случи ако умре Христијан М. Од корона или од запаление на слепото црево, од излив на мочка во черепот или од некоја друга смрт. Од куршумот на некој клет душманин. Може саксија да му падне врз главата или да ја промаши, Христијан М со точка, се разбира, не саксијата, дупката во Триумфекалната капија и да удри во подножјето на македонскиот славолук на поразите. Што смрди на кучешка урина. И на пијандурска мочка. Значи, што ако човекот умре!?