Рускиот министер за економија Максим Орешкин изјави дека Русија размислува за воведување на еврото и рубљата како главни валути во извозот на енергенси.
Тој рече дека Русија сака продажбата на нафта и бензин да ги врши во рубљи, бидејќи тоа ќе ја намали зависноста од американскиот долар.
– Веќе имаме многу добра валута, таа е стабилна. Зошто да не ја користиме за глобални трансакции?“, рече Орешкин во интервју за „Фајненшл тајмс“.
– Главното прашање е да се избегнат преголемите трошоци од таквиот начин на деловно работење, но ако дизајнирате широки финансиски инфраструктури, ако почетните трошоци се ниски, тогаш зошто да не?, вели Орешкин.
Русија се обидува да ја намали својата изложеност пред САД преку политика на „дедоларизација“ за да ги ублажи ефектите од американските санкции.