Ветивме дека ќе обезбедиме повеќе пари кај секое семејство и денес тоа е реалност, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– Ветивме реформи што се во интерес на граѓаните – секој ден се случуваат. Од изолирана земја и раскарано општество, денес сме интегрирано едно општество на еднакви граѓани. С. Македонија е На прав пат!- објави Заев на Фејсбук.

Речиси нема ден да помине, а да не им бидат вратени пари на граѓаните, се разбира на прес-конференции и во објави на Фејсбук. Инаку, бројчаникот на палата Македонија, што требаше да врти суми кои ќе им бидат вратени на граѓаните, и понатаму е заглавен на нула.