Еден настан од Новиот завет на Библијата, со години предизвикува внимание меѓу научниците – вечерата на Исус во куќата на Симон Лепрозниот кој седи со него на истата трпеза.

Во Евангелието по Марко (кое пак се смета за извор на евангелијата по Матеј и Лука), вечерата е опишана скржаво, но сосема доволно:

Исус доаѓа во Витанија во куќата на Симон Лепрозниот, седнува на трпезата, а една девојка излева скапоцено миро врз неговата глава. Учениците се бунат и прашуваат зошто таа течност е потрошена така, кога можела да се продаде за триста динарии кои би биле поделени на сиромаси, а Исус им вели:  „Сиромасите секогаш ги имате со вас и кога сакате можете да им направите добро, но мене ме немате секогаш“.

Накратко тоа е приказната. Ја има, како што рековме и кај Матеј (26:6-13). Кај Лука ја има речиси истата приказна, но временски многу порано отколку кај Марко и Матеј (во првите две евангелија таа се случува во средата по влегувањето на Исус во Ерусалим, а кај Лука многу пред тоа) но таму не се споменува Симон Лепрозниот туку станува збор за некој богат фарисеј.

Кај Јован, пак, вечерата на која Исус е помазан со миро се случува на шест дена пред Пасха, на ден пред неговото влегување во Ерусалим, значи во сабота навечер, а тој е  на вчера на иста трпеза со воксреснатиот Лазар и неговите сестри Магда и Марија. Марија е девојката која го помазува Исус.

Но, да се вратиме на евангелијата по Марко и Матеј. Дилемата со вечерата на Исус кај Симон Лепрозниот е дали навистина Исус седела на иста трпеза со лепрозен човек или станува збор за нешто друго?

Тоа нешто друго е дека евангелијата или барем повеќето од нив, во оригинал не се напишани на старо-грчки јазик како што велат низа светски научници без за тоа да се има конкретен доказ, туку на хебрејски или арамејски јазик, односно на мајчиниот јазик на Исус и на неговите ученици, односно апостоли, што изгледа сосема во ред за разлика од изнасилената теза за старо-грчкиот јзик врз која се изградени стотици кариери. Но да одиме со ред.

Како прво, да ги разгледаме законите што се однесуваат на лепрозните на територијата на денешен Израел, кои се уште се применувале во времето на Христос, а се детално опишани во Стариот завет (Трета книга Мојсиева -Левит – глава 13). Интересно, во контекст на денешната пандемија со корона вирусот, ако ја прочитате целата глава, ќе видите дека денешните мерки не се разликуваат од мерките во тоа време. Практично, ние сме напреднале во дијагностиката и лечењето, но мерките на заштита останеле исти. Со тоа што тогаш свештеникот бил должен да го прегледа болниот или сомнителниот дека е болен од лепра на секои седум дена, а сега до лекар малку е потешко да се дојде. Тука, мора да се признае, пред неколку илјади години имале подобра организираност.

Како и да, заболениот од лепра, морал да биде одвоен (во изолација) од другите (Левит 13:46), да има одголена глава и тој живеел сам, надвор од останатите, односно надвор од местото на живеење на другите (град или село); неговата облека треба да се искине и изгори со оган и тој ќе мора гласно да вика: „Нечист!, Нечист!“ (Левит 13:45, 52, 57);. 

Законите на Мојсеј односно на Стариот завет не дозволувале заболениот да остане дома (а Исус на тие Мојсиеви зкаони не им се спротивставувал), уште помалку да има посети, па дури и од некој кого го сметале за пророк и кој можел да лекува со допир со раката. Како тогаш Симон бил дома, Исус вечерал со него, а во куќата дошла и девојка која излила миро врз главата на Исус?

Другото толкување е дека Симон не бил болен, туку излечен, но му останал називот „Лепрозен“ (научните истражувања досега не нашле било каков доказ дека некој бил излечен од лепра во период од 1 500 година п.н.е до времето на Исус, а евангелијата не ја споменуваат евентуалната варијанта дека Исус го излечил Симон па седнал со него на вечера. Такво нешто нема). 

Тоа не е баш прифатливо зашто излечените не смееле да бидат нарекувани „лепрозни“ од моментот кога свештеникот кој ги прегледувал на седум дена ќе ги прогласел за „чисти“ (Левит 13:23, 28, 37, 39, 41, 58).

Имајќи ги предвид тие исклучиво стриктни правла, прашњата сами се наметнуваат:

Како тоа, меѓу сите луѓе, лепрозен треба да му приреди вечера на Христос? Дали тогаш им беше дозволено на лепрозните друштва со нелепрозните лица близу Ерусалим? Дали тогаш овој прогонет лепрозен имал доволно богатство да организира вечера? Дали Симон од Матеј и Марко бил исто така фарисејот од Лука? Од каде на истата вечера кај Јован се јавува Лазар? Како може еден прогонет лепрозен да биде истовремено и богат фарисеј? Дали жената што го помазала во подготовките за неговата смрт е неморална жена, како што многумина заклучуваат од евангелијата на Марко и Матеј (само таква жена можела непоканета да влезе во туѓа куќа, во овој случај на Симон кој згора на тоа е лепрозен) или била сестрата на Лазар, Магдалена?

Кога ќе го прочитаме целиот сегашен превод на англиски библии, базиран на грчки јазик, а потоа од англиски преведен на другите јазици и го составиме она што го читаме, едноставно не можеме да избегаме да ги поставиме овие вознемирувачки прашања. Не само што се валидни тие прашања, туку сите се збунувачки. Како резултат, некои навидум очигледни одговори за жал ќе не доведат до учења спротивни не само на обичниот здрав разум, туку и да им противречиме на долгогодишните библиски заповеди во врска со страшната болест – лепрата!

Како што рековме, постојат два слични настани во кои Исус е помазан со миро, но во едниот случај тоа е во куќата на Симон Лепрозниот, во другиот случај тоа е на друго место.

Но, нас не интересира вечерата кај Симон Лепрозниот (Матеј 26: 6-13; Марко 14: 3-9) Ова помазание се случува многу подоцна кон крајот на Христовата служба, во последната недела од неговиот физички живот на Земјата. Местото на вечерата е Витанија, градот каде живее и воскреснатиот од Исус, Лазар (всушност, како што веќе рековме, според Јован, на шест дена пред Пасха, Исус е на вечера со Лазар и неговите блиски, а Марија, сестрата на Лазар, ги помазува неговите нозе). Но, да се  вратиме на приказната од Марко и Матеј која нас не интересира. Има научници кои сметаат дека Симон Лепрозниот е  всушност татко на Лазар, Марија и Магда:

„Дури се претпоставуваше дека Симон бил татко на Марта, Марија и Лазар“ (Страна 1251, Меѓународен библиски коментар, Ф.Ф. Брус, уредник, издавачка куќа Зондерван, Гранд Рапидс, Мичиген); и „Споредувајќи се со Јован 12: 1-8, разумен заклучок е дека тој [Симон] беше татко на Лазар, Марта и Марија“. (Страница 1477, Студија за Библијата, КЈВ, издавачи на Томас Нелсон).

Но, да се вратиме на прашањата од погоре, а кои произлегуваат од англискиот превод на Библијата од старо-грчки јазик: Зошто Симон го нарекле Лепрозен? Зошто од сите луѓе што живеат во близина на Ерусалим, „Лепрозниот“ е тој треба да ја организира оваа последна вечера на Исус пред тајната и навистина последната вечера во четврток? И, зошто овој конкретен „лепрозен“ има такво богатство за да може да организира вечера а Марија да истури врз него миро од 300 денарии? И ако овој Симон од Витанија навистина бил таткото на Лазар, Марта и Марија, како се дошло до тоа дека на овој „лепрозен“ му било дозволено да живее со неговите деца кои исто така би требало да бидат лепрозни?

Сите овие дилеми всушност ги снемува, ако се прифати дека оригиналните евагелија кои никој досега не ги видел (па не може ни да се тврди дека биле напишани на старо-грчки јазик) биле напишани на хебрејскиот или арамејскиот јазик – кој е мајчин јазик на сите уесници во овој настан (арамејскиот е дијалект на бхебрејкиот).

Имено, изгледа дека преведувачи на старо-грчки кои читале и преведувале од оригиналниот хебрејско-арамејски ракопис, не успеале правилно да го протолкуваат она што го читале. Хебрејскиот и арамејскиот јазик немаат самогласки во нивната азбука. Затоа, преведувачот едноставно погрешно го прочитал зборот GRBA [gimel-resh-beyt-aleph]. Значи имаме Симон кој бил – GRBA [gimel-resh-beyt-aleph].

Ако некој го изговори овој збор како „гар-бах“ тоа значи „лепрозен“. Но, користејќи ги истите букви, ако некој го изговори како „гар-ах-бах“, сега тоа значи JAR на англиски или „тегла“, но и „грнчар“. Како солиден доказ, Библијата на хебрејски постојано го преведува „Симон Лепрозниот“ како „Симон грнчарот“ (зборот грнчар треба да се разгледува во поширока смисла, како производител на грнчарски, но и на скапоцени садови).

Според ова, овој Симон од Витанија не бил лепрозен, туку напротив, единствениот производител на такви садови во цела Витанија. И бидејќи тој го има деловниот монопол во таа област, тој очигледно бил добро познат, просперитетен занаетчија. Како резултат, меѓу скапите работи во неговата куќа, тој веројатно последувал алабастерски сад со миризливо масло (што вредело колку едно годишна плата), но можел да си дозволи неговата ќерка Марија ја истури течноста на главата и нозете на Исус.

Така, со своето богатство, тој и неговото семејство со задоволство можеле да си дозволат да организираат вечера за нивниот близок пријател – Христос, кој претодно го воскреснал Лазар од мртвите.

Ова не е единствениот пример за тоа дека старо-грчката теза за оригиналните евангелија, како и за останатите 23 книги во Новиот завет, едноставно не е многу фундирана. Таков е и случајот со петелот пред чие пеење, Петар три пати ќе се откаже од Исус (а всушност станува збор за, во слободен превод, клисар кој три пати ја најавува со гласно викање утринската молитва), таков е случајот со познатата изрека на Исус дека „попрво камила ќе се протне низ отворот на иглата, отколку богат што ќе влезе во небесното царство (а зборот кој тие што копирале на старо-грчки го напишале како „камила“, е всушност погрешен превод од арамејскиот збор кој всушност значи „јаже“) итн. Всушност има и антички сведоштва дека Матеј верно го пренел Исус на хебрејски (Иринеј во 180 г. кој се повикал на Папиј од околу 125 година од н.е.). Но, за сето тоа во друга прилика.