Премиерот Христијан Мицкоски е под диригиран напад од грчки и бугарски медиуми. Медиумите од јужниот и источниот сосед во речиси идентични текстови го напаѓаат македонскиот премиер за неговиот став дека својата земја ќе ја нарекува „Македонија“ оти тоа е негово човеково право но и дека е свесен за Договорот од Преспа и за обврските што произлегуваат од него. Во нападот од Грција предничи весникот „Етнос“.
Со наслов „Продолжуваат провокациите од премиерот на … Македонија, Христијан Мицкоски, кој повтори дека ќе ја нарекува својата земја „Македонија“, повикувајќи се на неговото „човеково право“.
Ова го претставува моето право на (слободно) изразување. Јас го кажав ова. Онаму каде што е потребно да се почитуваат Уставот и законите морам да ги почитувам. Дали ми се допаѓа или не е друга работа. Дали ми се допаѓа или не, можам да кажам на друго место. Додека ја вршам оваа функција, каде што Уставот и законот мора да се почитуваат .Вака стојат работите. Но, моето право на слободно изразување, правото на (слободен) говор е неотуѓиво право. И, да, го користам терминот „Македонија“ и ќе го користам терминот „Македонија“, бидејќи тоа е мое човеково право и никој не може да ми го одземе“, рече Мицкоски во интервју за подкаст во Скопје. „Јас бев еден од оние политичари кои пред пет години кажаа дека Договорот од Преспа е реалност, но дека е лошо, штетно, да, пак ќе кажам-ја цитира „Етнос“ изјавата на Мицкоски“.
Ништо понежен кон Мицкоски не е ниту весникот „Прототема“ со насловот „Мицкоски повторно предизвикува: Го користам и ќе го користам терминот Македонија, тоа е мое право“.
Со истите зборови Мицкоски го напаѓаат и телевизите „Скај“ и „Мега“
Што се однесува до Бугарија, најмногу ги погоди најавата на Мицкоски дека овој месец ќе оди во Брисел да го презентира предлогот за уставни измени со одложено дејство. Македонскиот премиер има дециден став дека Македонија не може да го исполни барањето без да има гаранции дека тоа е последно барање и дека потоа нема да има нови и нови услови од Софија.
Повикан за ова се најде поранешниот амбасадот во Македонија Ангел Димитров и актуелен претсадател на бугарската комисија за историја .
Тој смета дека т.н француски предлог не е бугарски туку европски став.
Тоа е, во одредена смисла, е став и на самата држава Република Македонија, со оглед на тоа што беше усвоен во парламентот. Односно, постои едно политичко однесување на новата Влада кое ги доведува во прашање не само билатералните односи и сите договори потпишани меѓу нашите две земји, туку и она што го очекува ЕУ кон која тие се стремат, рече Ангелов.