Елина Свитолина, Наоми Осака и Каролина Плишкова изборија четвртфинале на првиот годинашен Грен слем, Австралија опен.
Украинката Свитолина ја елиминира американската ривалка Медисон Киз со 2-1, по сетови 6:2, 1:6 и 6:2.
Јапонката Осака ја совлада Анастасија Севастова од Летонија со 2-1 (4:6, 6:3, 6:4) додека Плишкова од Чешка во осминафиналето беше поуспешна од Шпанката Гарбине Мугуруза со 2-0 (6:3, 6:1).
Во борба за полуфиналето, Осака ќе игра со Свитолина, а Плишкова со подобрата од мечот меѓу Симона Халеп (Романија) и Серена Вилијамс (САД).
Австралија опен се игра за награден фонд од 29.7 милиони долари.