Тренерот на Манчестер Сити, Џозеп Гвардиола, ги сподели своите впечатоци по победата над Хадерсфилд во натпреварот од англиското првенство (3:0). Според него, трката за титулата се уште е во тек.

-Ние постигнавме многу голови. Ова е добро, но има уште многу натпревари пред нас. Шампионот не е определен во јануари. Треба да се фокусираме на нашата игра. Ако Ливерпул победи, тогаш и ние мора да победиме. Ако Ливерпул загуби, Манчестер сити повторно мора да победи, изјави Гвардиола.

Манчестер сити е втор на табелата во Премиер лигата со заостанување од четири бода зад лидерот Ливерпул.