Напаѓачот на Челзи, Алваро Мората, наскоро ќе стане играч на Атлетико. Клубовите се согласиле напаѓачот до крајот на сезоната да биде на позајмица во Лондон, објавија шпанските медиуми.

Се очекува во текот на оваа седмица трансферот да биде официјално објавен.

Мората се пресели во Челзи од Реал за 65 милиони евра, но не се избори за стандардно место во првиот состав.

Првично, Челзи сакаше да го продаде Шпанецот, но Атлетико се согласи само на позајмица.