Фудбалерот на Барселона, Серхио Бускетс, го посочи Лионел Меси како клучен во триумфот над Леганес синоќа на домашен терен со 3:1.

Гостите до дваесетина минути пред крајот имаа нерешен резултат (1:1), но не издржаа и бодовите останаа кај фаворитот.

– Одигравме добар натпревар. Тие постигнаа гол без игра. Леганес не покажа ништо во нападот, ама имаше поволен резултат. Но, кога Меси влезе на теренот, тој ја промени ситуацијата. Знаевме дека ќе го направи тоа. Штета што се повреди Дембеле. Се надевам дека не е ништо сериозно со него. Тој е многу непредвидлив во нападот и постигнува многу голови, изјави Бускетс.

Каталонците по оваа победа имаат пет бодови предност на врвот на табелата во Примера во однос на второпласираниот Атлетико Мадрид и дури 10 повеќе од големиот ривал Реал Мадрид.