Не постои никаков Анекс со 12 точки за кои зборува Каракачанов, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Османи во интервју за ТВ 21 тврди дека не постои никаков Анекс со 12 точки, за кои зборуваше бугарскиот вицепремиер Красимир Карачанов. Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Каракачанов изјави дека Бугарија е „за“ проширување на ЕУ на Западен Балкан, а „говорот на омраза на сè што е бугарско“ ги загрижува. Тој тврди дека има анекс на договорот од 12 точки.
– С. Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпишат анексот од 12 точки што го доставивме. Во македонската свест постои негативна слика за Бугарија, со навредливи квалификации, изјави Каракачанов.
Логичен заклучок од ова е дека еден од двајцата министри, македонскиот или бугарскиот, (не) ја говори вистината.