Шпанските научници по студија со глувци стигнале до заклучок дека растителен хормон може да го неутрализира оштетувањето на мозокот предизвикан од мрсна храна.
Научниците од Универзитетот „Хауме I“ во Кастељон де ла Плана давале на глувци мрсна храна, додека не развиле воспаление на нервниот систем, слично со она што се случува при Алцхајмеровата болест. Кога кон таа храна го додавале растителниот хормон „абсциска киселина“, повредите исчезнале.
Абсциска киселина го намалува воспалението во областа на мозокот што ги складира спомените. Овој хормон е многу важен за растенијата, бидејќи го регулира развојот на семето, растот на бојата, издржливоста на студот и сушата. Таа, природно, може да се најде во овошје и зеленчук.
Воспалението на нервниот систем е поврзано со инсулинска резистенција, што ја намалува способноста на клетките да одговорат на хормонот кој ја отстранува гликозата од крвта. Таа, исто така води до појава на дијабетес тип 2, пишува „Дејли Мејл“.