На пациентка на која нос во целот и бил ампутиран поради инвазивен рак на кожата, словенечки хирурзи во сложена операција извршиле комплетна реконструкција на тој орган служејќи се само со нејзино ткиво и 3Д модел, имплантирајќи го прво на нејзината подлактица, а потоа го рпесадиле на лицето.

Целосната реконструкција на носот, прва таква во светот, се одвивала во две фази. Двете иоперации траеле осум часа. Тоа го изјавија хирурзи од љубљанскиот Универзитетски центар. Првично е извршено тридимензионалноскенирање и правење модел на оштетувањата кај пациентката на лицето и структурата на носот.

Врз основа на 3Д модел врзното ткиво и кожата од нејзината подлактица моделирале нос на јзината подлактица каде останал 30 денови додека не станал поврзан со нерви и крв. Во оследната фаза така „оживеаниот“ модел на нос од нејзиното ткиво внимателно е пресаден на лицето.