Како што забележал генералот Михајло Апостолски, само 5 дена по битката за Скопје, одредени бугарски историчари пробале да ја извртат историјата, пробувајќи да вметнат бугарски заслуги за ослободување на градот Скопје, за кој генералот Апостолски, како и многу други преживеани борци потврдуваат дека бугарски војници не само што не учествувале во битките за ослободување за Скопје, туку не биле вклучени во ниту еден од направените воени планови.

Битката за ослободување на Скопје, претставувала многу сложена операција, бидејќи за да биде успешна од голема важност биле успесите на партизанските бригади во битките во другите градови. Крајна цел била да се поврзат 50та дивизија која била во реонот на Штип со 42та дивизија која била на Сува Гора, за да можат заедно да нападнат во Скопје. 50та дивизија незначително задоцнила (еден ден) на позицијата за нивно спојување, во реонот на Велес. Нивното доцнење се должело на силниот отпор кој го дале Германците во реонот на Штип, каде 5та бугарска дивизија воопшто не учествувала како што било договорено и планирано, туку пасивно ги запоседнале позициите кај Злетовска Река, без да учествуваат во битките за ослободување на Штип и реонот околу градот.

Со вакви предуслови, ослободувањето на Скопје останало да се изврши со пешадија и улични борби (без употреба на артилерија) кои зависеле исклучиво од храброста и моралот на македонските војници. Во борбите за Скопје заробени биле голем број Германци како и нивното вооружување (топови од разни калибри, митралези и најразновидна техника).

Целата статија може да ја прочитате на овој ЛИНК.