Бившиот министер за надворешни работи на Македонија Бујар Османи се појави во улога на бранител на својот сопартиец од ДУИ и исто така бивш министер Крешник Бектеши, еден од повеќето приведени во врска со пожарот во дискотеката во Кочани.

-Крешник Бектеши е политички затвореник и редок случај кадешто Албанците и Македонците се согласуваат за неправдата што му се прави. Само скршениот ум и срце може да го провоцира неговото семејство на овој низок начин, напиша вечерва Османи на социјалните мрежи.

Натаму во објавата на неговиот профил на Фејсбук додава:

– Да се ​​напаѓаат адвокати само затоа што бранеле други личности е одвратно и длабоко неморално. Некогаш во политиката имаше минимум достоинство – денес некои покажуваат дека го немаат, објави Османи во неговата одбрана на Бектеши.