Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва гостува во дебатниот магазин Клик плус на ТВ21 каде дебатиравме и најавата на опозицијата повторно да го преговара Договорот со Бугарија.
Според Османи, ни Договорот со Бугарија, ниту пак Преспанскиот договор можат повторно да се преговараат.
– Тоа се знае дека не може да се случи, граѓаните ја разбираат политиката, ги следат односите и знаат дека ниту Преспа може да се преговара, ниту Договорот со Бугарија може било кој некогаш да го преговара. Единствено они што можат да прават е да одлучат да ја блокираат државата или да се вклучат заедно со нас во процесите, рече Османи.