Министерството за надворешни работи на Република Македонија денеска преку соопштение изрази најостра осуда за сајбер-нападот од 15 јули 2022 година извршен против Владата на Република Албанија од страна на Исламска Република Иран.
–С. Македонија се солидаризира со Владата на Албанија, ги поддржува преземените мерки во тој контекст и повикува на одговорност за извршителите на ваквите малигни дестабилизирачки активности кои ја загрозуваат не само националната безбедност и сигурност на Албанија, но имаат и пошироки регионални и меѓународни импликации. Ваквите деструктивни напади претставуваат флагрантно кршење на нормите на меѓународното право, обид за поткопување на суверенитетот на Албанија, како и директна закана за безбедноста на нејзините граѓани и институции, стои во соопштението од МНР.
Со цел заштита на своите интереси, но и интересите на секоја поединечна земја-членка на НАТО и нејзините сојузници, се додава понатаму во соопштението, остануваме единствени во рамките на Алијансата во справувањето со сите предизвици кои го загрозуваат меѓународниот поредок и безбедност.